Велибор Манев, еден од обвинетите во убиството на Вања и Панче детално опиша како била убиена Ѓорчевска. Тој вели дека требало да киднапираат жена на возраст од околу 40 години, но наместо тоа по грешка ја киднапирале Вања. Манев исто така посочи дека Палчо испукал куршум во неа, и веднаш потоа ја закопале.
Манев: „Првиот пат беше неуспешно за изведување, кога се вративме во канцеларијата, Палчо ни го објасни системот и начинот како се отвора вратата на самата зграда. Ни го објасни внатрешниот енериер и распоред на скалите. Дека има позади подрумски скали и дека од внатре може полесно да се земе жената. По што ни објасни што како утрото, кога стигнавме таму Влатко остана во колата на Панче. Јас и Боре влеговме во влезот на зградата. Влеговме но немаше сијалици, темно беше, светлина доаѓаше од самиот влез на влезната врата и чекавме, временски од време на време Палчо на моторола ни кажуваше саатот колку е, и како се движи времето за до 07.20 кога излегува жената. Во 07.20 јас бев под скалите скрос, Боре чекаше со селотејп лента на раката ставена и кога се симнуваше особата Боре ја грабна со едната рака, а со другата и ја залепи устата и ја повлековме под скалите во потемното“.
Тој кажа дека од лифтот излегло женско лице, кое веднаш било грабнато и пикнато во вреќа
„Од лифтот спуштајќи се по скалите надоле, за да излезе надвор од влезот. Според слики кои ни ги кажувае и да ги гледаме на телефон, особата беше идентична. Беше таа која ни ја покажуваше. Ја врзавме, јас ставивме во вреќа за спиење, која претходно ја земавме од канцеларија, И така врзана, на Влатко му беше јавено да ја донесе колата пред влез, да го отвори гепекот за да може да ја ставиме во гепекот. Потоа продолживме да се движиме по насоките на Палчо.
Кога стасале, виделе дека направиле грешка при што Манев предложил да се веднаш да го пуштат, но наместо тоа Палевски ја застрелал.
„Стасавме до местото Дупки и го отворивме гепекот, Палчо ја праша како се вика, кој е татко, мајка од кој е, и откако тоа го дозна, ни рече да ја извадиме надвор од колата. За да ја слика и да може да прати слики на родителите и на фамилијата. Ја извадивме, ја откопчавме вреќата за спиење и салотејпот кога го тргнав, тогаш видов дека тоа е дете, а не жена. Одма му рековме јас и Влатко бевме до него, ова е некоја грешка, дека треба да го пуштиме назад девојчето, бидејќи сме под маски нема никој видено да ја ослободиме. Палчо повторно почна да ми кажува да прекинам, дека јас ништо не знам, се е чисто, нема за што да се бере гајле. Потоа кажа дека првичната сума која ни ја понудил за грабнувањето, нема да може да се земе и ни рече дека сумата ќе биде помала. Се свртев да гледам кон лозјата, за да видам бидејќи беа некои запуштени лозја кон напуштените соби. За да видам во која од собите да ја внесеме. Додека пријдов и гледав, Палевски пријде на детето со пиштолот и со перниче во рака и го испука куршумот преку перниче и јас повторно бев надвор од себе. Се врати Палчо до пикапот и од него извади копач и лопата, нови неупотребени. Ги фрли пред нас и нареди да ископаме дупка за да се закопа детето. Копавме колку што копавме во таа смрзната земја и ја фати од едната старана од кај главата и јас и Влатко од другата страна ја спуштивме во дупката заедно со Палевски. Палчо ја извлече вреќета и ја фрли во возилото на Панче. Нареди да закопуваме, со солзи во очите без да ме видат, почнав да закопувам. После тоа ни нареди да тргнам по него, јас го возев на Панче возилото, тој напред возеше пред нас пикапот и тргнавме кон Глуво па од таму се спуштивме и таму во нива го запаливме возилото.
Манев кажа дека нема оружје и дека не се разбира во тоа, но посочи дека оружје имал Палевски
Љупчо Палевски имаше, но му го одземаа при еден претрес кај Демир Капија. Знам и за Боре Видевски дека бил обезбедување на директорот на Жито Вардар, така имаше и пиштол. Марка не знам. Јас немам оружје ниту се разбирам.
На прашањето дали комуницирал со Палевски тој вели дека комуницирал со него и тоа му се јавил неколку пати.
„Па со Палчо највеќе, ми рече „не се секирај се е чисто, не бери гајле“. 2-3 пати ми се јави дури едно по друго. Не се сеќавам точно, но ги има во доказите точно кога и како се јавуваше и тоа е. Со Боре од време на време се слушавме по телефон“, кажа Манев.