Манчевски: Тие што ја водат оркестрираната кампања против мене се баш тие во негативните извештаи

По низата обвинувања на сметка на неговата продукција режисерот Милчо Манчевски се огласи на својот фејсбук профил. 

- Интересно е што тие што ја водат оркестрираната кампања против мене се баш тие шест што можат да се препознаат во сите негативни извештаи на институциите, вели режисерот. 

Манчевски објави и линкови од извештаите на Државниот завод за ревизија за она за што, како што вели, тие предупредувале подолго време, дека Агенцијата за филм и Друштвото на филмски работници на Македонија работат незаконски.