Малолетник уапсен за дрога во Центар

Малолетник уапсен за дрога во скопски Центар. 

На 03.06.2023 во 00.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, информираа од МВР. 

 По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.