
16-годишник од село Мородвис се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат во атарот на селото, во општина Зрновци.
Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 22 септември во 12 часот, а во неа учествувале патничко возило „алфа ромео“, управувано од малолетникот, и товарно возило „форд“, управувано од 54-годишниот Д.В., исто така од Мородвис.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, додека со телесни повреди возачот на товарното возило Д.В., констатирани во Јавна здравствена установа Кочани“, соопшти МВР.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кочани.