Малолетник со остар предмет нападнал вработена во аптека и одзел пари

Полицијата информираше дека вчера во 19.30 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар е лишен од слобода малолетник од Скопје, кој извршил кривично дело „разбојништво“ казниво по чл. 237 од Кривичниот законик кога во аптека во Скопје со закана со остар предмет ја нападнал вработената и одзел пари.

Разбојникот е приведен и поднесена е кривична пријава и од страна на судија му е изречена мерка притвор, по што е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје.

Парите се вратени на оштетената.