Малолетник со нож затекнат во автобус на ЈСП

Полицијата вчера попладне приведе малолетник кој бил затекнат со нож во автобус на ЈСП. 

На 25.05.2023 во 12.30 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Карпош, од полициски службеници од Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Карпош бил приведен малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож, соопшти полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.