Малолетник со мопед удрил во полицаец, веднаш бил приведен

Малолетник синоќа бил уапсен откако со мопед удрил полицаец.

Малолетникот бил сопрен за контрола од полициски службеници на ОВР Неготино, но го стартувал мопедот и удрил во еден од нив.

Притоа, повторно бил сопрен и при преглед во неговиот мопед била пронајдена и одземена зелена растителна материја.