Малолетник со дрога уапсен во Центар

Вчера, околу 19:30 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишија од слобода малолетник од Скопје. При проверката, кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од полицијата.