Малолетник од Кондово тешко повреден откако бил прегазен од „опел“

Малолетник настрада откако бил прегазен од возило. 

На 22.05.2022 во 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Кондово, општина Сарај, патничко моторно возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ф.(52) од село Радуша, општина Сарај, удрило во малолетник од село Кондово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје