Малолетник нападнат од соученик во основно училиште

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 17.00 часот во Полициската станица Центар, А.Р.(43) од Скопје пријавила дека во основно училиште каде што посетувал настава, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.