Малолетник нападнат од негов соученик во населба Даме Груев

45-годишен скопјанец пријавил дека во текот на вчерашниот ден неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. 

МВР со кусо соопштение за деталите:

-На 03.10.2022 во 20.30 часот М.С.(45) од Скопје пријавил дека на 28.09.2022 околу 11.00 часот во основно училиште во населбата Даме Груев во Скопје, неговиот малолетен син бил  физички нападнат од негов соученик - информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.