Малолетник нападнат од друг малолетник во Аеродром, таткото пријавил во полиција

 

Скопјанец во полиција пријавил напад врз неговото малолетно дете од страна на друг малолетник. Инцидентот се случил во Аеродром.

- На 13.07.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје С.П.(42) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, информираа од МВР во дневниот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот