Малолетник нападнал друго момче, па го ограбил

На 29.03.2022 во 19.45 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ѓ.Б.(47) од Скопје пријавила дека околу 15.30 часот на територија на населба Чаир малолетник со закана со остар предмет одзел пари од нејзиниот син.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.