Малолетник и уште две лица уапсени во Скопје, поседувале дрога и ладно оружје

Вчера и во текот на изминатата ноќ во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Р.(37), М.Б.(25) и 16-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, ризли и нож.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци, известија од полицијата во дневниот билтен.