Малолетник и уште две лица каснати од улични кучиња во Скопје

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се ри каснувања од улични кучиња на подрачјето на Скопје.

На 30.05.2023 во 22.45 часот во Полициската станица Драчево, И.Т.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 30.05.2023 во 16.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Љ.К.(33) од Радовиш пријавил дека на ул.„Финска“ бил каснат од куче скитник.

На 30.05.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Д.(68) од Скопје пријавила дека во  Бутел била касната од куче скитник.