Малолетник и млад скопјанец биле агресивни кон полицајци на должност

Млади скопјани биле агресивни кон полицајци на должност. 

Вчера (02.03.2025) во 03.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17-годишен малолетник, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Во полицискиот билтен регистриан е и друг случај. 

- На 01.03.2025 во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.А.(20) од с.Сарај, скопско затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.