Малолетник и двајца мажи каснати од улични кучиња во Скопје

Во текот на вчерашниот ден забележани се три одделни случаи на каснувања од улични кучиња на подрачјето на Скопје. 

На 10.05.2022 во 09.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Г.Г.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„516“ бил каснат од куче скитник.

Исто така, вчера околу 15.30 часот во Полициската станица Арачиново, Ф.Б.(55) од с.Орланци, општина Арачиново, пријавил дека во селото неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

И вечерта во 23.50 часот во Полициската станица Аеродром, Т.И.(41) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.