Малолетничка тешко повредена откако била прегазена на еден скопски булевар

Изминатиот викенд, поточно во саботата вечерта, на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, автомобил со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удри во 15-годишна малолетничка од Скопје.

Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти полицијата.

Извршен бил увид.