Полицијата вчера уапсила шест лица во Куманово откако настанала групна тепачка во центарот на градот. При интервенцијата на полицијата во тепачката се вклучила и малолетничка која извадила нож и избодела полициски службеник.
„На 29.07.2024 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Б.(30), Р.И.(41), Д.М.(23), Ф.А.(30), И.Б.(38) и Џ.С.(40), сите од Куманово, затоа што по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од Секторот за внатрешни работи“.
Против сите нив ќе биде поднесена соодветна пријава