Малолетничка била нападната од поранешното момче со нож

Вчера во 21:30 часот во полициска станица во Скопје од страна на 52-годишна жена било пријавено дека пред 3 дена на 15.12.2024 нејзината ќерка била нападната од поранешното момче кој употребил и нож.

Настанот се случил на автобуска постојка во 20:30 часот во с.Сарај, скопско, а напаѓачот е Б.П од с. Грчец, скопско. Од МВР велат дека ги преземаат сите мерки за расчистување на случајот.