Мали работи кои хороскопските знаци ги ценат повеќе од подароците

Сите сакаме подароци, но најважно е вниманието.

Ова се ситниците кои хороскопските знаци ги ценат многу повеќе од подароците.

Овен

Ако не им покажете дека ги цените, подароците не значат ништо за горделивите Овни. Тие вложуваат во себе и во своите пријателства и сакаат да знаат дека и другите го ценат тоа. Освен тоа, родените во овој знак сакаат постојаност во грижата и почитта кај нив, ако малку ве снема, ќе се зачудат што се случило.

Бик

За луѓето родени во знакот Бик доволно е физички да ја изразите својата наклонетост. Тие сакаат прегратки, спонтани бакнежи и држење за рака. Топлината е значајна за нив, но само од оние кои навистина им значат.

Близнаци

Близнаците сакаат зборови, а во ова време на пандемија, сакаат пораки електронски пораки со кои можат да се фалат пред другите. Обожаваат пораки за добро утро и добра ноќ и доволно им е да знаат дека мислите на нив.

Рак

Ако имате сакана личност во знакот Рак, ним им е потребна практична помош, да знаат дека ја имаат вашата љубов и поддршка. Тие го ценат тоа највеќе.

Лав

Лавовите обожаваат комплименти и посакуваат таквиот извор никогаш да не пресуши. Сакаат да ги забележите кога ќе ја променат фризурата, кога ќе купат нешто ново и генерално за сите новини во нивниот живот. 

Девица

Девиците сакаат да знаат дека не ги земате здраво за готово, односно дека тие имаат големо значење во вашиот живот. Заблагодарете им се и тоа искрено за нивната помош, присуство и совети. Покажете дека сте свесни колку сте им посветени, тоа им е најдобриот подарок.

Вага

Вагите сакаат комплименти, но не како Лавовите. Тие немаат силно его, туку едноставно сакаат пофалба за нивната личност, добрина, разум и смиреност.

Шкорпија

Шкорпиите ценат мали вложувања – донесете им кафе или појадок во кревет, миризлива купка, исполнете ја нивната сексуална желба и тоа кога најмалку очекуваат. Изненадуваат со своето внимание, тоа ќе ги усреќи најмногу.

Стрелец

Наместо порака, испратете им нова песна од нивниот омилен музичар, купете им карта за концерт или некое патување. Бидете духовити и мислете на мали нешта.

Јарец

Испратете им кратки пораки прашувајќи ги како се и кои се нивните планови. Така ќе знаат дека ви е важно што прават во нивниот живот.

Водолија

Кажете и на вашата Водолија дека мислите на неа -  нешто што кажале или направиле, насмејте ги со некоја слатка шега. Тоа е индиректен начин да им покажете дека се грижите за нив.

Риби

Љубовните изјави никогаш не им досадуваат на Рибите. Тие сакаат едноставни зборови, шепнувања, пораки, цвеќе или чоколадо.