Мали палачинки со јаболка

Палачинки кои личат на американските, но се со богат вкус на јаболко и цимет.

Состојки:

2 јајца
Едно јаболко
80 мл јогурт
Две лажици масло
Една ванила
Еден прашок за пециво
150 гр брашно
Цимет
Неколку капки лимонов сок

Подготовка:

Излупеното јаболко изрендајте го на ситната страна и ставете сок од лимон. Раздвојте ги белките од жолчките. Изматете цврст снег од белките. Во друг сад измешајте ги жолчките, јогуртот, ванилин шеќер, јаболко и цимет, па додавајте ги белките. 

Оставете ја смесата да мирува 15 минути, па потоа пржете палачинки на нелеплива тава. 

Послужете со мед или џем по желба.