Мал рај во Зоолошката градина - убавина која мора да се види во живо

Неодамна во Зоолошката градина во Скопје пристигнаа фламингата. Тие се едни од најегзотичните птици.

Мала лагуна од 40 квадратни метри со многу зеленило, езерце и посебен дел за храна е новото, скопско живеалиште на јатото егзотични фламинга во Зоолошката градина.

Прекрасни птици во кои се вљубуваат сите, од најмали до најстари. Убавината која мора да се види во живо. Убавината која е сто пати поубава од сликите. Нешто што мора да се доживее. 

Зоолошката градина во Скопје е отворена за сите граѓани, а за посетителите воведени се потребните мерки за заштита од коронавирусот, како држење растојание, носење заштитна опрема и редовна дезинфекција на рацете.