Мал рај среде Скопје: Недогледно зеленило, прекрасна шума, мир, тишина и чист воздух

На само неколку километри од центарот на Скопје се наоѓа парк шумата Гази Баба, на ридот Гази Баба. Во среде Скопје еден мал, посебен рај. 

Шумата има богата флора и фауна и токму затоа е прогласена за споменик на природата. Прошетката можете да ја започнете од нејзиното подножје, од Црквата „Св. Архангел Михаил“ преку турбето на кралската ќерка (К’з Кулеси) кое се наоѓа во близина на Природно-математичкиот факултет, па се до турбето на Гази Баба којшто бил познат поет и кадија на Скопје во XVI век.

Паркот е место кое мора да го посетите. Станува збро за природа со високи дрвја и патеки, па за момент ќе си помислите дека се наоѓате на Водно. 

Летниковците, игралиштата и делот наменет за најмалите му даваат посебен шмек на паркот, кој секој ден се повеќе привлекува посетители. 

Ќе уживате во пешачењето таму, особено овој есенски период. Мирот, тишаната и чистиот воздух ќе ве примамат повторно да се вратите тука.