Мал потсетник: Листа на работи за кои треба да бидете горди денеска

Понекогаш забораваме дека малите достигнувања имаат големо значење.

Photo by Vinicius Wiesehofer on Unsplash

Затоа, ако некогаш заборавате на нив, ова е нешто на што треба да се потсетите.

Бидете горди на себеси, на малите и големи нешта кои се случуваат во вашиот живот, дури и тогаш кога не добивате пофалба од никого, како и оние работи кои ги правите сами и во кои целосно уживате.

Бидете горди ако имате љубов, почит и разбирање за своите најблиски. 

Бидете горди ако сте љубезна личност која одржува добри контакти со своите соседи и пријатели.

Бидете горди ако пиете доволно течности и се храните здраво (дури и понекогаш).

Бидете горди ако вложувате во себе, постојано учите и секојдневно сте подобра верзија од претходниот ден.

Бидете горди ако не ги заборавате родендените на оние кои ви значат и правите нешто добро за нив.

Бидете горди ако станете од спиење, дури и ако сте понекогаш нервозни.

Бидете горди ако земавте витамини денеска.

Бидете горди ако излеговте во природа, на мала прошетка да ги разбистрите мислите.

Бидете горди ако се спречувате себеси секогаш кога мислите дека другите се подобри од вас.

Бидете горди на изборите кои ги правите бидејќи тие ве прават личноста која сте.