Мал авион се урна во Мавровско Езеро, има повредено лице

Мал авион се урнал во Мавровското Езеро, соопшти Центарот за управување со кризи. 

Засега нема многу детали освен дека во авионот имало две лица, од кои едното е повредено.

- Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош и Регионалниот центар за управување со кризи за итна интервенција, велат од ЦУК.