Македонското кредитно биро нуди сопствени извештаи за физички лица по промотивни цени со цел брз и лесен увид на сопствената изложеност

Сезоната на одмори е пред крај, а летните одмори сами по себе знаат да бидат причина за оптеретување на буџетот на Вашето семејство. Многумина се задолжуваат во банките преку наменски кредити или брзи кредити, кои потоа може да претставуваат проблем. Септември е месецот на нови почетоци и нови финансиски задолжувања.

МКБ – Македонското кредитно биро е финансиска институција која преку нејзината единствена и ажурирана база на податоци им помага на сите физички и правни лица да се грижат за сопствената кредитната изложеност. Преку сопствените извештаи секој од Вас на едноставен и брз начин може да има целосен увид на сите обврски со што може да се спречи евентуално презадолжување, а со тоа и да се избегнат дополнителните трошоци.

Сопствениот извештај е единствен на пазарот што содржи податоци за задолженост и редовност во исполнување на обврските, и тоа: обврски по основ на кредити, жирантства, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, лимити на трансакциски сметки, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, обврски по основ на користење на други услуги, како и податоци за блокада на трансакциска сметка со детали за секоја блокада поединечно.

Во месец септември Македонското кредитно биро нуди одлична понуда за сите физички и правни лица да направат увид во својата изложеност по промотивна цена.

Како финансиска институција нашата цел е да ги промениме навиките на нашите сограѓани и финансиски да ги едуцираме со цел да внимаваат на своите кредитни или други задолжувања и обврски. За таа цел, во месец септември направивме одлична понуда како би им овозможиле на сите наши граѓани брз и лесен увид во сопствените задолжувања по сите основи и ги повикуваме да креираат профил на нашиот портал: https://moj.mkb.mk/ или пак да се обратат во некоја од комерцијалните банки со која имаме склучено договор за продажба на сопствените извештаи (Централна Коперативна банка АД Скопје и Силк Роуд банка АД Скопје). Овие финансиски извештаи се дел од секојдневните навики на луѓето насекаде низ светот преку кои постојано имаат увид во сопствените задолжувања.