Македонските кошаркари до 18 години синоќа ја совладаa Бугарија со 92-68 во полуфиналето на Европското првенство „Б“ дивизија кое се одржува во Скопје.
„Црвено-жолтите“ ќе играа во финалето со Австрија, а истовремено обезбедија место и во А-дивизијата.
Луканоски имаше „дабл-дабл“ учинок со 20 поени и 16 скокови, исто како и Трајанов со 17 поени и 11 скокови, Јаничиќ даде 17 поени, Марјановиќ 12.
На патот до финалето, покрај Португалија и Бугарија во нокаут-фазата, Македонија славеше и над Ирска, Босна и Херцеговина, Чешка, Кипар и Украина во групната фаза.
„Денес влегуваме малку порастоварени, бидејќи главната цел ја остваривме, а тоа е влез во А – дивизијата. Но се разбира и кон овој меч ќе влеземе максимално посветено и ќе се обидеме сите да ги израдуваме со злато. Емоциите ги тргнуваме на страна, играме храбро како и секогаш . Одиме на уште една победа“, изјави селекторот Горан Андреевски.
Мечот ќе се одигра вечерва (4.8.2024) од 21.30 часот, во големата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.