Македонските банки за првите три месеци од годината заработиле речиси 19 милиони евра

Македонските банки во првиот кваратал од годинава заработиле 18,6 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка. Статистиката покажува дека корона кризата влијаела на профитот на банките, иако во овој кваратал учествува само месец март, кој половината беше зафатен со кризата. Па така во првите три месеци годинава во однос на истиот период лани заработувачката на македонските банки е помала за над 12 милиони евра, или лани истиот период го завршиле со добивка од 30,8 милиони евра.

Интересно е дека иако профитот на домашните банки е намален, нема значајни поместувања во приходите кои ги наплатиле од камати и провизии. Во превиот квартал од годинава само од камати и провизии од граѓаните и компаниите наплатиле 106,5 милиони евра или за 800.000 евра повеќе од истиот период лани. Така само од камати за три месеци годинава банките наплатиле 77,2 милиониевра од кои 41,5 милиони евра се од камати од домаќинствата. Додека пак истиот период лани наплатиле 78 милиониевра од камати од кои 39,7 милиони евра се камати од домаќинствата. Додека пак ако лани за трите месеци наплатиле 27,6 милиони евра одпровизии, годинава истиот период наплатата од провизии била поголема за речиси 1,7 милиони евра или вкупно наплатиле 29,3 милиони евра.

Статистиката на Народната банка покажува дека речиси целиот ќар завршил кај големите банки. Тие во првите три месеци годинава прикажале добивка од 24 милиони евра. Кај средните банки пак се продлабочила негативата која за прв пат ја прикажаа во последниот квартал на 2019 година. Така, средните банки сега отишле во минус од речиси 6 милиони евра, а малите кои претходни години бележеа минус сега се во добивка од 553.000 евра.

2020 година прв квартал:

-Добивка големи банки 24 милиони евра

-Добивка средни банки – 5,95 милиони евра

-Дoбивка мали банки 553.000 евра

извор - денар.мк