Катастрофа му се случи на македонскиот женску фудбалски шампион ЖФК Љуботен откако во полуфиналниот турнир за пласман во Лигата на шампионите изгуби 10-0 од исландски Валур.
На полувремето Валур водеше со 5-0, а во вториот дел постигна уште толку голови, за да му нанесе целосна катастрофа на македонскиот женски првак.
Со овој убедлив пораз, Љуботен ќе разигрува само за третото место, со поразениот од дуелот Твенте – Кардиф, меч кој ќе се игра три дена подоцна.