„Македонскиот работник сè уште ги живее стиховите на Рацин" - Моќен ортаорски говор на младата Давчева

Моќен говор на тема „Македонскиот работник“ на Милица Давчева, студентка на Филозофскиот факултет во Скопје! 

Со говор на оваа тема младата Милица се претстави на традиционалната ораторска вечер „Иво Пухан" која се одржа пред неколку дена на Правниот факултет.

- Пораката е испратена „Македонскиот работник сè уште ги живее стиховите на Рацин!" Македонија е текстилната работничка, хигеничарката, градежникот, земјоделецот и рударот. Да живее работникот, да живее 1-ви Мај! - порача Давчева. 

Милица го освои III-то место.