Македонскиот “Исцелител” со 86 земји ќе се бори за Оскар

Македонскиот филм “Исцелител” на Ѓорче Ставрески за Оскар ќе се бори во силна конкуренција на филмови од неанглиско говорно подрачје од дури 87 земји.

Во рамките на 91. издание на најпрестижната филмска награда во светот, чие доделување ќе се случува на 24 февруари 2019 во Лос Анџелес, за првпат ќе учествуваат Малави и Нигер, а во трка се и сите земји од екс Ју просторот. Според филмските критичари, листата на фаворити, овојпат ја предводи годинешниов добитник на Златен лав во Венеција, филмот “Рома” на мексиканецот Алфонс Куарон. Во конкуренција се и добитникот на Златната палма, “Крадци” на Јапонецот Хирокадзу Кореда и добитникот на Златната мечка, документарецот “Валцерот на Валдхајм” на Рут Бекерман од Австрија.

Покрај нашиот “Исцелител” (Secret ingredient), црна комедија за колачот со канабис кој иницира низа трагикомични ситуации, пак, по Оскар од бившите екс Ју простори по наградата тргнаа и “Изгредници” (Offenders) на Дејан Зечевиќ од Србија. Филмот на Зечевиќ зборува за тројца студенти кои работејќи на својот експеримент, се обидуваат да докажат дека просторна деструкција со време доведува до социјална деструкција. Тие не согледуваат дека хаосот од проектот полека им се вовлекува во животите, губат дистанца, а професорот ги остава самите да се соочат со последиците…

Од Босна и Херцеговина за Оскар ќе се натпреварува “Не ме оставај” (Never Leave Me), на Аида Бегиќ, филм за деца без родители, сириски бегалци сместени во турскиот град Шанлијурф.

Црна Гора, пак, за свој кандидат го избра филмот “Искра” на Гојко Беркулјан, трилер кој паралелно се одвива во два временски периоди. Петар е инспектор во пензија кого исчезнувањето на ќерката Искра го води далеку во неговото минато.

Хрватскиот претставник е комедијата “Осмиот повереник” (The Eight Commissioner) на Иван Салај. Филмот е екранизација на истоимениот роман првенец на Ренато Баретиќ со дејствие сместено на најодалеченото населено хрватско острво Треќиќ. Таму се појавува владин повереник са задача да организира избори и да воспостави легална локална власт.

Словенија годинава го изабра филмот “Иван” на Јанез Бургер за Мари заљубена во Рок, бескрупуолозен бизнисмен со кој добива вонбрачно дете и е принуден да избира меѓу нив двајцата. “Бракот” (The Marriage) на Блерта Зехири од Косово, е исто така меѓу кандидатите. Се работи за дебитантски филм на авторката која во 2012 е наградена на Санденс за најдобро кратко остварување. Нејзиниот целовечерен првенец се занимава со забранетиот геј љубовен триаголник по граѓанската војна на Балканот.

Комитетот за странски филм при Американската академија ќе ги изгледа сите филмови и ќе состави список од девет достигнувања, меѓу кои ќе издвои пет кандидати за Оскар. Номинациите ќе бидат објавени на 22 јануари, а доделувањето на 24 февруари ќе биде пренесувано од повеќе од 225 земји.