Македонски Телеком ja заврши 2025 година со силен раст и инвестиции

Македонски Телеком ja заврши 2025 година со раст во сите сегменти, финансиски раст и големи инвестиции во развојот на инфраструктурата. Ова е резултат на конзистентниот раст во текот на целата година и следење на стратегијата за најдобра мрежа и врвно корисничко искуство.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на годината изнесуваат 2.860 милиони денари наспроти 2.296 милиони денари на крајот од минатата година. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 7,0 проценти споредено со минатата година, а нето добивката бележи раст од дури 13,2 проценти. И приходите од продажба се зголемени за 3,2%. Нашата посветеност на креирање и спроведување паметни решенија доведе до зголемување на приходите од системската ИТ интеграција за дури 19,6 проценти.

Најдобра и најбрза мрежа во Македонија

Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите од мерењата покажаа најголема брзина на мобилната и фиксната мрежа и најдобра мобилна мрежа во првата половина на 2025 година. Супериорноста на мрежата е резултат на долгорочно и стратешко инвестирање за ширење и модернизација на мрежата и развој на нови технологии. Нашата 5G мрежа е достапна за 97% од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Бројките го потврдуваат лидерството и во делот на оптичката инфраструктура со која покриваме 369 илјади пристапи до оптика што е речиси двојно повеќе во споредба со сите останати оператори на пазарот заедно и 7,2 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Раст на базата на корисници и лидерство

Нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство донесе зголемување на бројот на корисници и лидерство во сите сегменти. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,4 проценти и изнесува 225 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,0 проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена и изнесува 1,3 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 238 илјади корисници. На ТВ пазарот остануваме на лидерската позиција со удел од 38 проценти. Новата генерација дигитална телевизија – MagentaTV е одлично прифатена што донесе и раст од 6,3 проценти или 169 илјади корисници. Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците - Magenta Moments, достигнавме 400 000 корисници. Според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, ние сме број 1 телекомуникациски бренд во Македонија.

Зголемување на заработката по акција

Успешните резултати на компанијата придонесоа и за повисока заработка по акција во 2025 година каде се бележи раст од 4,7% во споредба со претходната година. Ова е потврда дека нашата стратегија и технолошко визионерство одат во вистинската насока и се препознаени од корисниците.

Одговорност кон вработените, општеството и животната средина

И оваа година активно работевме на еднакво дигитално општество и намалување на штетните влијанија врз животната средина. Преку проекти за намалување на дигиталниот јаз и еднакво дигитално општество, допревме до над 35 000 илјади корисници. Придонесуваме за намалување на штетните емисии на CO 2 , со тоа што сме како компанија CO 2 неутрални. Нашиот тим го движи прогресот и оваа година сме прогласени за најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании на национално ниво и го имаме престижниот сертификат Employer Partner. Ова е наша долгорочна стратегија и дел од нашата ESG агенда којашто ќе продолжиме да ја следиме и во наредните години. Македонски Телеком