Македонски народен театар – театар на хуманоста и солидарноста

НУ Македонски народен театар извести дека се приклучува кон хуманитарната акција за помош на поплавените и настраданите од невремето кое го зафати скопскиот регион. Сите приходи од претставите кои ќе бидат одиграни во наредниот период ќе бидат донирани за помош на настраданите.

На репертоарот на Македонскиот народен театар во наредниот период ќе бидат претставите:

„Групна детоксификација“ – Стенд-ап на Сашко Коцев во соработка со МНТ, на 19.08.2016 (петок), во 20 часот

„Не се клади на Енглези“ на 29.08.2016 (понеделник)

„Сомнително лице“ на 30.08.2016 (вторник)

„Свадбата на Фигаро“ на 31.08.2016 (среда)

„Брачна игра“ на 12.09.2016 (понеделник)

„Прекината одисеја“ - Премиера, копродукциска претстава на МНТ и Театар „Хелена Моджејевска“ од Легница, Полска, на 17.09.2016 (сабота)

Сите претстави почнуваат во 20 часот, а билетите за наведените хуманитарни претстави ќе може да се купат на билетарницата на МНТ веќе од понеделник 15.08.2016 година, известија од МНТ.