„Македонска свадба“ – инклузивен концерт на „Седенка“ и „Трисомија 21“ во Ченто

Фолклорниот ансамбл „Седенка“ и Здружението за лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ организираа инклузивен концерт под наслов „Македонска свадба“, посветен на музиката, традицијата и заедништвото.

Настанот се одржа на 2 ноември 2026 година, во Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто.

Концертот е дел од одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Општина Гази Баба и беше можност преку фолклорот и македонската традиција да се испрати порака за инклузија, еднаквост и прифаќање. Публиката уживаше во секој момент од „Македонската свадба“. 

Преку заеднички настап, учесниците покажаа дека културата и уметноста се простор за поврзување, во кој секој има свое место.