Македонки „дигиталки“ ја трансформираат иднината на регионот

Скопје Инфо утрово објави информација дека мандатарот за словенечка влада, претседателот на Движењето Слобода, Роберт Голоб, кажал дека кандидат за министер за дигитална трансформација ќе биде Македонката Емилија Стојменова Дух. 

Но, освен успехот на Емилија, Македонија треба да се гордее и со успехот на Македонката Марта Арсовска Томовска која е советник за дигитална трансформација на српската премиерка Ана Брнабиќ.

Арсовска Томовска изминатите неколку години е предводник на сите крупни дигитални процеси со кои оваа соседна земја е лидер во регионот, но и во Европа. По назначувањето на Арсовска на оваа позиција во Србија започна важен и крупен процес на дигитална трансформација, а државата е добитник на неколку важни меѓународни награди и признанија на оваа тема. 

Успешни Македонки „дигиталки“ ја движат дигитална трансформација во регионот. 

Кои се двете успешни дигиталки?

Емилија Стојменова Дух e доктор на науки и асистентка на Електротехничкиот факултет во Љубљана, е избрана за министерка за дигитализација во новата словенечка влада.Стојменова е родена 1985 година во Македонија, а во 2002 година, а по завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница се преселила во Марибор.

Стојменова е професорка на Факултетот за електроинженеринг на Универзитетот во Љубљана. Таа е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia, како и директорка на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia.

Марта Арсовска Томовска е родена во Скопје. До 2011 година била на високи раководни позиции во приватниот сектор кога ја назначуваат за заменик – министер за информатичко општество и администрација во Владата на Никола Груевски. Во 2015 година добива позиција - министер во истиот ресор. 

Од јануари 2013 година е член на големото жири на Светскиот самит за награди кој е организиран во партнерство со Обединетите нации, а од септември 2014 е и неизвршен член во одборот на директори на World Summit Awards.  Добитник е на различни признанија, а била избрана и меѓу најдобри 10 менаџерки на годината.

Каква е состојбата во Македонија?

Процесот на дигитална трансформација во Македонија е во надлежност на Влада на РСМ и Министерството за информатичко општество. 

Славица Грковска е Заменик претседател на Владата задолжен за политики за добро владеење и во нејзина надлежност е оваа трансформација, додека Министер за информатичко општество е М-р Адмирим Алити кој по потекло е од Куманово, а има дипломирано на Факултетот за Современи науки и технологии во Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово. 

За жал нашата држава не може да се пофали со сериозни проекти во оваа област. Дигиталната трансформација доцни, а во последните години речиси и да нема проект за нејзино забрзување.