Општина Гази Баба оваа година ќе го одбележи Денот на Независноста на Република Македонија со голем музички настан на 5-ти септември 2024 година, на плоштадот во Автокоманда, започнувајќи во 20:00 часот.
Настанот, кој ќе се одржи под мотото „Македонија живее“, ќе ги обедини познатите македонски музичари како Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, Огнен Здравковски, и други.
Градоначалникот на Општина Гази Баба ги покани сите граѓани да присуствуваат на овој значаен настан и изјави: „Само од нас зависи, дали Македонија ќе биде сè што имаме или сè што немаме!“
Оваа прослава е замислена како незаборавен настан кој ќе остане запаметен и ќе се спомнува долго време. Покрај музичките изведби, посетителите ќе имаат можност да го проследат уметничкиот перформанс „Македонија е жива“, изведен од македонски актери и вокално инструменталната група Аманет.