Македонија на црна листа: Ако одите во Швајцарија ќе треба да седите во изолација

Швајцарската Влада објави список со 29 земји чии граѓани ќе треба да се регистрираат кај надлежните органи на таа држава по пристигнувањето и да одат во самоизолација со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

На списокот се наоѓаат САД, Шведска, Бразил, Русија, Белорусија, Северна Македонија и други, што се оценети како земји со висок ризик на зараза.

Патниците кои биле во тие земји во претходните 14 дена, мораат да ги известат швајцарските власти при пристигнувањето и да одат во карантин во рок од 10 дена, соопшти швајцарската Влада.

Списокот на држави, како што се наведува, постојано ќе се ревидира со оглед на развојот на ситуацијата.