
Претставници на земјите-учеснички на петтиот Самит Украина – Југоисточна Европа, што се одржа во Киев, усвоија заедничка декларација со која ја потврдија поддршката за Украина и повторно ја осудија руската воена агресија.
Киевската декларација беше потпишана од Украина и уште девет партнерски држави и во неа се нагласува поддршката за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, како и потребата од почитување на меѓународното право.
Потписниците ја повикаа Русија веднаш да ја прекине војната, да ги врати депортираните украински граѓани и да ги ослободи сите заробени цивили и воени лица.
Во декларацијата се потенцира и значењето на натамошното зајакнување на украинската противвоздушна одбрана, како и обезбедувањето соодветни безбедносни гаранции за земјата.
Меѓу потписниците на декларацијата беше и првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања на Македонија, Беким Сали.