Македонец револиран од домаќинот на Светското првенство во ракомет - Хрватска, за организацијата на спортскиот настан и односот кон македoнските навивачи, но и играчи.
- Планирав да одам летово една недела во Хрватска на море. Но, по нивното однесување на СП во ракомет- СЕ ПРЕДОМИСЛИВ. Нека им одат Грците на кои им угаѓаа. PS. A и во Грција не одам, што и фали на Ц. Гора, па и на наш Охрид. Малку достоинство е потребно, а и порака до гадовите, порача тој на својот профил на социјалната мрежа „X“.
Ова следи откако низа непријатности. Имено, фановите на македонската ракометна репрезентација се соочија со уште еден непријатен удар од страна на организаторот на Светското првенство во Хрватска. Тие мораа да платат повисока цена на билетите за натпреварите од главната фаза на шампионатот. Освен тоа, претходно имаа забрана за знамето од Кутлеш. Дел од навивачите, на социјалните мрежи, споделуваат дека претрпеле невидена ароганција и нефер однос од полицајците во и околу салата каде што играше Македонија. Некои споделуваат дека биле апсени, а други дека биле приморани да плаќаат финансиски казни.
Планирав да одам летово една недела во Хрватска на море. Но, по нивноито однесување на СП во ракомет- СЕ ПРЕДОМИСЛИВ.
Нека им одат Грците на кои им угаѓаа.PS. A и во Грција не одам, што и фали на Ц. Гора, па и на наш Охрид.
Малку достоинство е потребно, а и порака до гадовите. pic.twitter.com/1feEPDatZi— Aнгел Гечов Спасев (@A85300485) January 21, 2025