Македонците стравуваат за цените откако нафтата „скокна“ на глобално ниво

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да го објави новиот ценовник за нафтените деривати, додека граѓаните поради тоа стравуваат од нов бран поскапувања. 

Со оглед на безбедносната состојба во светот, ниту Македонците не се исклучок кога станува збор за стравувањата за повисоките цени на нафатата кои ќе донесат и нови поскапувања на храната и транспортот. 

Многумина изминатата недела, од страв за нови поскапувања или драстични зголемувањата на цените на нафтените деривати, побрзаа на бензинските да ги полнат возилата. Иако во дел од соседните земји имаше ризик од прекин на снабдувањето со горива, тоа не беше случај со Македонија. 

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека снабдувањето со нафта и нафтени деривати во државата е стабилно и дека нема прекин во снабдувањето.

Според информациите што ги добил од Државниот пазарен инспекторат, на територијата на целата држава граѓаните и бизнисите непрекинато се снабдуваат со нафта и нафтени деривати.

Мицкоски нагласи дека државните резерви можат да покријат целодневен конзум повеќе од 62 дена и оцени дека снабдувањето е повеќе од одлично.

Последниве вакви стравувања се случија за време на корид-пандемијата. 

Цените на суровата нафта Брент надминаа 100 долари за барел за прв пат по повеќе од три и пол години, бидејќи производството и транспортот на Блискиот Исток беа сериозно нарушени од војната со Иран. 

Последниот пат кога американската сурова нафта се тргуваше над 100 долари за барел беше на 30 јуни 2022 година, кога достигна 105,76 долари. За Брент, ова последен пат се случи на 29 јули 2022 година, кога изнесуваше 104 долари.

Во САД, цената на галон обичен бензин достигна 3,45 долари вчера, или 47 центи повеќе од претходната недела. Дизел горивото се продава за 4,60 долари за галон.

 Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека порастот на цените на нафтата, предизвикан од војната во Иран, е мала цена што треба да се плати за безбедноста и мирот во светот.