Македонците не се откажуваат од дочек на Нова година во странство: Најголем интерес за Копаоник и Белград

Состојбата и препораките се менуваат од ден во ден, но сепак има интерес за патувања надвор од земјава за новогодишните празници – велат од повеќе познати туристички агенции во земјава, пишува Фокус.

И покрај лошата состојба со корона вирусот и преполните болници, голем број на граѓани не се откажуваат од дочекот на новата година во хотели во странство. Достапни биле пакет аранжмани во Србија, најголем бил интересот за хотелите во Копаоник и Белград, како и понуди на повеќе локации во Турција.

-Во Србија и Турција барем засега не се бара негативен тест за влез во земјата, можеби и поради тоа има поголем интерес за овие дестинации. Има понуди за секој џеб, на пример аранжман за дочекот на новата година во Истанбул, се патува со автобус, цената за две ноќи е 150 евра. Слични цени има и за аранжмани во Србија, граѓаните се јавуваат, се интересираат, но сепак повеќето се одлучуваат да причекаат уште некое време, да видат како ќе се одвива состојбата со пандемијата, за да одлучат дали конечно ќе уплатат- појаснуваат од популарна туристичка агенција од Скопје.

Целиот текст можете да го прочитате овде.