Македонците не ги интересира политика – го окупираат Солун за шопинг

За време на викендите сите патишта на македонските граѓани водата кон Солун каде што традиционално во јануари и февруари се прави шопинг-турата во познатите трговски центри.

Традицијата е актуелна и годинава, бидејќи попустите стартуваа на 15 јануари и ќе траат до 15 февруари годинава, а како што велат оние што се зафатени со шопинг манијата се работи за огромни намалувања на цената на стоката за широка потрошувачка што се движи од 50 до 70 проценти, но и повеќе.

Очигледно политиката не влијае на добар дел од нашите граѓани, бидејќи тие парите повторно ги користа за пазарување во Солун, наместо како Германците кои што практикуваат да пазаруваат само во домашни продавници.

Туристичките агенции што ги организираат шопинг турите потврдуваат дека за викенд или за празник се бара место повеќе, затоа значителен дел од граѓаните заминуваат во сопствена режија.

Големиот интерес за еднодневно патување во Грција го потврдуваат и изнајмувачите на комбиња, на минибуси и на автобуси, кои велат дека како и во текот на изминативе две години така и оваа, нивните превозни средства се резервирани до крајот на февруари.

Пазарот може многу да ви се исплати бидејќи можат да се купат брендирани фармерки по цена од 10 до 15 евра, блузи по 5 евра, фустани за 10 евра. Масовни се попустите и за домаќински работи кои се нудат по цена од 1 до 5 евра.

На распродажбите речиси никој не може да им одолее, како и дружбата со филџан кафе крај морскиот брег. Дека нашите граѓани често патуваат во Грција покажуваат и последните статистички податоци каде што се согледува дека над 2,8 милиони Македонци лани биле во посета на Грција. Претпоставките се дека македонските државјани во Грција потрошиле околу една милијарда евра.

Во обиколка по поголемите трговски центри во главниот град и во разговор со трговците се согледува дека има големо незадоволство. Најголемиот дел од нив се загрижени, но и незадоволни што се патува во соседството и таму се оставаат парите што се спечалени во земјава.

Тие прашуваат зашто кога и кај нас има големи попусти од 70%, сепак продавниците не се доволно посетени, а купувачите заминуваат за Солун. Трговците им препорачуваат да практикуваат денарот што го заработиле во нашата земја да го остават дома, а не во странство. Тие најавуваат во февруари во најголемиот дел од дуќаните тотална распородажба, популарно наречени гаражни попусти.

Дел од попустите во земјава почнаа веднаш по Новогодишните празници на најголем дел од сезонските обувки, чизмите за снег, водоотпорните длабоки чевли, но и зимски дебели виндјакни, џемпери, блузони, дуксери и слично. По намалени цени се и капите и шаловите, како и дел од скијачката опрема и санките. Во некои дуќани има и намалени цени и за модните додатоци, козметиката, накитот, очилата за скијање…

Но и покрај тоа, граѓаните реагираат и велат кај нас и кога има тотална распродажба е поскапо, отколку во трговските центри во регионот.