Македонци живеат на Антарктикот, во Шри Ланка, Филипини и Чиле, а најбројни се во Швајцарија

Македонци живеат во Шри Ланка, Филипини и Чиле, а најбројни се во Швајцарија каде живеат околу 65 илјади Македонци. Втора на листата по бројност е Германија, а трета Италија. Во Германија според досегашните податоци живеат 46590, а во Италија 28476 Македонци. Ова го покажуваат податоците од електронскиот попис кој Државниот завод за статистика го  спроведуваше во изминатиот период.

Интересни се малите бројки за Австралија и САД каде преку електронски попис се евидентирани мал број наши граѓани. Во Австралија оваа бројка е 3171, додека во Соединетите Американски Држави евидентирани се 9120 граѓани.

Според електронскиот попис Македонци има и во Северна Кореја - 14 граѓани. Наши граѓани живеат и на убавити Малдиви, Фарските Острови, Микронезија, во Доминиканската Република, па дури и на Антарктикот.

Во секоја земја во Африка живее барем еден Македонец, а тоа значи дека повеќе од 20 нашинци живеат на овој континент.

Македонски граѓани има во Мали – 43, во Египет – 23, во Гана – 16, во Судан – 15, во Танзанија – 6, во Нигер – 2.  Двајца Македонци живеат во Либиска Арапска Џамахирија, тројца во Јужен Судан, шестмина во Танзанија, двајца во Нигер, 16 во Палестина.