Мака ми е од сите мотивациски повици за среќа и насмевки...

Овие мотивациски повици ќе ме убијат поскоро отколку коронавирусот. Еве само неколку примери од такви мотивациски мисли:

Пушти ја музиката до даска и танцувај!
Пеј на цел глас!
Поздрави го комшијата преку прозорец!
Пеј заедно со комшиите на тераса!
Направи некој колач, замеси леб или направи некој специјалитет!
Мачкај го лицето со креми, сама направи си маска за лице!
Читај книги!
Бакнувај го сопругот, посвети ѝ се на сопругата, заедно правете конфети и расфрлајте ги низ домото!
Ослободи го заробениот уметник во себе!

Мака ми е од сето тоа од три причини:

Прво, воопшто не ми беше потребна пандемијава за да почнам да слушам музика, да пејам, танцувам и да го поздравувам комшијата. Ниту пак требаше некој да ми каже дека сама треба да си правам маска за лице, да перам, да ја фенирам косата, да испечам колач, да ги „забележувам“ сопругот и детето, да одам до кај мајка ми да видам како е, да ручаме заедно...

Второ, сосема е легитимно да се чувствуваш утепано и да не ти се прави ништо и едноставно да бидеш вознемирен. Прекинете и олабавете со тие постојани повици за среќа, сега, секогаш и засекогаш, за време на короната, пред короната, после неа, после смртта. 

И трето, цело време велат: „Сега направи го сето она што отсекогаш си сакала да го направиш, но не си имала време за тоа.“ Она за кое „не сум имала време“, ако било важно, ќе било направено. Важните работи не се тргаат од видно поле за да почекаат добри времиња. 

Затоа што, што би се случило со нив ако не се случеше ова што се случи?