Мајката на загинатата Јелена го усмртила пешакот на мостот „Гоце Делчев“

Жената возач која денеска удри во пешак на мостот „Гоце Делчев“ е мајка на загинатата Јелена Филиповиќ, дознава Слободен печат.

Првичните информации се дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистерски таблички со кој управувала Г.Ф. (42) удрил во пешак С.А. (76) кој преминувал непосредно во близина на мостот. Телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

Јелена Филиповиќ загина во сообраќајна несреќа, а за целото време нејзиното семејство тврди дека се работи за убиство со умисла. Нејзиниот татко се обиде да нарача убиство на виновниците. Гробот на младата девојка неодамна беше и осквернавен.