Мајка Тереза: Кој е лекот за душата?

Најубав ден? Денес.
Најголема препрека? Страв.
Најлесна работа? Да направиш грешка.
Најголема грешка? Напуштање.
Извор на сето зло? Егоизмот.
Најубава разонода? Работата.
Најлошата пропаст? Малодушноста.
Најдобри учители? Децата.
Примарна потреба? Комуникацијата.
Најголем извор на среќата? Да им бидеш корисен на другите.
Најголема мистерија? Смртта.
Најопасна личност? Лажгото.
Најлошото чувство? Огорченоста.
Најубавиот подарок? Простувањето.
Најнепроценливата вредност? Домот.
Најбрзиот пат? Исправниот пат.
Најудобното чувство? Внатрешниот мир.
Најуспешна одбрана? Насмевката.
Најдобриот лек? Оптимизмот.
Најголема сила на светот? Верата.
Најнеопходни луѓе на светот? Родителите.
Најубавата работа на светот? Љубовта.

Интелигенцијата без љубов те прави неморален.
Праведноста без љубовта те прави неумолив.
Дипломатијата без љубов те прави лицемерен.
Успехот без љубов те прави арогантен.
Богатството без љубов те прави алчен.
Љубезноста без љубов те прави сервилен.
Сиромаштвото без љубов те прави горделив.
Убавината без љубов те прави апсурден.
Авторитетот без љубов те прави тиранин.
Работата без љубов те прави роб.
Едноставноста без љубов ти ја одзема вредноста.
Молитва без љубов те прави интровертен.
Законот без љубов те покорува.
Политика без љубов те прави егоист.
Вера без љубов те прави фанатик.

ЖИВОТОТ БЕЗ ЉУБОВТА НЕМА СМИСЛА!