Не стивнуваат критиките на сметка на Министерството за здравство. Овој, пак, мајка на дете со хронична ретка болест се пожали на социјалните мрежи, а нејзината објава е алармантна.
- Денеска бевме на детска клиника во Скопје за да си ја подигнеме терапијата за ќерка ми, конечно после 9 месеци чекање. И на толку чекање, ни дадоа терапија само за едвај месец и пол. Толку. Со надеж дека за тој период ќе се набави поголема количина. Ако не, пак ќе чекаме....И така во недоглед...- сподели оваа мајка од Битола.
Вели дека на детска хемато- онкологија се останати само три докторки кои ги лечат децата од цела Македонија, бидејќи во ниту еден друг град нема вакво одделение.
- Не знам кој е виновникот за да оставиш дете со хронична болест без терапија и во неизвесност цело семејство, веќе не ми е битно ништо. Оддамна изгубив надеж во системот, изгубив верба дека работите ќе се сменат на подобро...
- Останав фрапирана и од податокот дека на детска хемато- онкологија се останати само три докторки кои ги лечат децата од цела Македонија, бидејќи во ниту еден друг град нема вакво одделение. Не знам до кога ќе имаат сила да го издржат тој притисок, а големи стручњаци се во својата област. Се плашам дека ќе останеме и без нив за брзо време... - напиша оваа загрижена мајка.