Маја Неделковска-Брзанова е нова директорка на Националната галерија

Маја Неделковска-Брзанова е нова директорка на Националната галерија. Таа доаѓа на позицијата на Дита Старова Ќерими, која ја водеше националната институција од 2015 година.

Дита Старова Ќерими денеска во објава на Фејсбук упати честитка до новоизбраната директорка, на која и посака успех во работата. Потенцира оти со нејзината досегашна заложба на чело на оваа институција, верува дека успеала да ја оправда укажаната доверба.

– Ве известувам дека денес ја завршив мојата мисија како директор на Националната галерија на Северна Македонија. Со мојата досегашна заложба на чело на оваа институција, верувам дека успеав да ја оправдам укажаната доверба. Заедно реализиравме многу дела и проекти за зачувување, негување и унапредување на културата и уметноста, како големо богатство на нашата земја, напиша Старова Ќерими.