Магнолии и јапонски цреши ќе го красат просторот зад ТЦ Мавровка

Се разубавува и делот од Скопје зад ТЦ Мавровка на улицата „Стив Наумов“. 

Екипите од ЈП „Паркови и зеленило“, денеска се на терен на таа локација, каде што засадија млади магнолии и јапонски цреши. 

На активноста се приклучи и директорот на претпријатието Зухејр Реџепи.